Аргентина успешно ја мина и осминафиналната пречка на Светското првенство, селекцијата на Египет која по голем пресврт ја совлада со 3-2.
„Гаучосите“ слично како и на средбата со Зеленортските Острови покажаа доста слабости во дефанзивата, но одново покажаа карактер, пронајдоа начин и овојпат се избори за победа во регуларниот дел и покрај тоа што до 79 минута губеа со 2-0.
Лионел Меси немаше најдобар меч за негови стандари, одново не реализираше пенал, меѓутоа во завршницата запиша прво асистенции, потоа и даде гол што беше доволно да го понесе признанието за најкорисен играч.
Ривалдо како човек од фудбалот вниманелно го испрати мечот и имаше што да каже, порача по епскиот пресврт на трикраниот светски шампион.
- Каква посветеност, каква желба за победа, каква борба и каква посветеност од целиот тим! Токму ова сакаат да го видат навивачите на теренот за време на Светското првенство. Зборувањето за Лионел Меси е како повторување на очигледното. Каков играч! На 39 години, на своето шесто Светско првенство, тој продолжува да ја покажува истата страст за дресот на Аргентина: се радува, се бори, плаче и повторно станува одлучувачка фигура.
- Јас сум Бразилец, ја сакам мојата земја и секогаш ќе ја поддржувам нашата репрезентација. Ривалството е составен дел од фудбалот, но исто така знам да препознаам и да се восхитувам кога ќе видам одличен натпревар и тим кој остава сè на теренот. Овие натпревари го прават фудбалот уште поголем и се вистински украс за Светското првенство. Честитки до Аргентина за пласманот во наредната фаза, -порача легендарниот Ривалдо.







