Крај на приказната: Хрватска останува без најуспешниот селектор во историјата

Дерби

08/07/2026

14:57

306

Големина на фонт

а а а

Искусниот фудбалски стручњак, Златко Далиќ ја завршува својата епизода како предводник на хрватската репрезентација.

Далиќ од 2017 година ја извршуваше оваа функција и тоа повеќе од успешно, период во кој „коцкестите“ беа активни учесници на сите големи натпреварувања и притоа на претходните две Светски првенства остварија фантастични резултати, беа втори (сребрени) во 2018 година во Русија и трети (бронзени) во Катар во 2022 година.

На последниот голем настан, актуелниот мундијал, Хрватите предводени од Далиќ беа елиминирани од Португалија (2-1) и тоа во 1/16 финалната рунда.

Златко си заминува како најуспешниот селектор во историјата на оваа балканска земја.