Балогун за првпат се огласи за поништената суспензија на СП

Дерби

08/07/2026

13:54

196

Големина на фонт

а а а

Фоларин Балогун беше едно од најспоменуваните имиња во светот на фудбалот во изминативе денови и тоа не поради негова вина туку поради одлуката на ФИФА да му го поништи црвениот картон и му дозволи да настапи за Соединетите Американски Држави против Белгија во осминафиналето на Светското првенство.

Напаѓачот заработи црвен картон во соочувањето со Босна и Херцевина и требаше да одработи казна, меѓутоа ФИФА му ја укина автоматската суспензија и му дозволи да игра против Белгијците.

- За мене, сè беше едноставно. Ја прифатив одлуката кога добив црвен картон, а ја прифатив и одлуката да ми биде укината суспензијата. Потоа дојде натпреварот, а Белгија беше едноставно подобра.

- Кога ќе добиете црвен картон, нормално е да очекувате да го пропуштите следниот натпревар. Ако таа одлука се поништи, природно е да има контроверзии. Значи, сè што се случи не ме изненади. Јас само ги почитував одлуките на ФИФА. Не знаев никакви детали, ниту пак бев вклучен во процесот. Тоа не беше во моја надлежност. -вели Балагун кој жали за начинот на кој како група го завршија настапот на СП.

- Ќе ми треба малку време да сфатам сè што се случи. Сега мора да чекаме четири години за нова можност и тоа навистина боли. Сепак, верувам дека успеавме да ја обединиме земјата и да го доближиме фудбалот до многу луѓе. Кога емоциите ќе се смират, ќе можам да кажам дека ова беше исклучително лето, и како тим и лично – заклучи напаѓачот.