Ѓоковиќ: Поради овие моменти се уште играм тенис

Дерби

08/07/2026

13:16

227

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ ја доби драмата со Феликс Оже Алијасим и обезбеди пласман во полуфиналето на Вимблдон каде ќе ги одмери силите со Јаник Сикер.

Ова беше најдолгото четвртфинале во историјата на овој грен слем, битка која траеше повеќе од пет сати и која на крајот Ноле ја доби со 3:2 во сетови.

- Победив благодарение на мојот рекет и големото срце. Што да кажам? Моменти како овие се причината зошто сè уште играм тенис. Сакам ова да беше финале за да не морам да се грижам како ќе се чувствува моето тело утре, но среќен сум што победив,-порача Ѓоковиќ кој имаше поддршка на трибините.

- Ги терав децата да спијат по четвртиот сет. Мило ми е што останаа, ова е еден од најдобрите натпревари што сум ги одиграл на овој терен, - истакна Србинот.