Кинотека на Скопско лето

Макфакс

08/07/2026

10:20

150

Големина на фонт

а а а

Од 9 до 17 јули, фестивалот „Скопско лето“, во соработка со Кинотеката на Македонија, организира серија филмски проекции посветени на македонската филмска уметност со селекција на значајни филмови од македонски режисери.

Од 9 до 17 јули, во соработка со Кинотеката на Македонија, фестивалот „Скопско лето“ ја претставува програмата „Кинотека на Скопско лето“, посветена на македонската филмска уметност. Во текот на седум филмски вечери, публиката ќе има можност да ужива во селекција на значајни македонски филмови од истакнати домашни автори.

Сите проекции ќе се одржат во Кинотека на Македонија, со почеток во 20:15 часот. Билетите се достапни на karti.com.mk, а ќе можат да се купат и пред почетокот на проекцијата во Кинотека.

Распоредот на проекции

09.07.2026г. (четврток) – Филмови на Стефан Сидовски – Сидо
10.07.2026г. (петок) – „Најдолгиот пат“ во режија на Бранко Гапо
11.07.2026г. (сабота) – „Хај Гај“ во режија на Владимир Блажевски
14.07.2026г. (вторник) – „Бикини Мун“ во режија на Милчо Манчевски
15.07.2026г. (среда) – „Кајмак“ во режија на Милчо Манчевски
16.07.2026г. (четврток) – „Ова не е американски филм“ во режија на Сашо Павловски
17.07.2026г. (петок) – „Барајќи ја среќата“ во режија на Марија Џиџева