Жена од Скопје е пронајдена почината во свој дом во Аеродром, а според полицијата, нема видливи траги на насилство. Телото е предадено на обдукција по наредба на јавен обвинител.
Триесет и седумгодишна жена од Скопје била пронајдена почината во дом на подрачјето на општина Аеродром, информира МВР.
Случајот бил пријавен на 6 јули околу 22:45 часот во СВР Скопје. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, без видливи траги на насилство.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатата било предадено на обдукција.







