Англискиот фудбалски стручњак, Лиам Росениор се враќа на сцената и повторно ќе предводи клуб од најдобрите Топ 5 лиги во Европа.
Росениор не се прослави на клупата на Челси каде издржа само неколку месеци и токму новиот ангажман треба да му помогне да ја врати самодовербата, да се врати на посакувата патека. Имено тој е назначен за тренер на францускиот прволигаш Париз кој минатата сезона ја заврши на 11 место во Лига 1.
Ова значи дека Англичанецот се враќа во Франција каде претходно имаше добри резултати со Стразбур. Договорот е со важност до 2028 година.
Во досегашната кариера тој има работено уште во Дерби Каунти и Хал Сити.







