Португалија го заврши настапот на Светското првенство и тоа во осминафиналната фаза во која беа поразени од соседот Шпанија.
Португалците важеа за еден од топ фаворитите за пехарот на овој мундијал, меѓутоа уште од првиот натпревар се виде дека некои работи не функционираат, групната фаза на крајот се мина без пораз, а со многу среќа беше мината Хрватска во првата нокат рунда за да веќе во следниот меч доживеат пораз кој го елиминираше од турнирот.
Ќе има анализи, критики, коментари, а меѓу оние кои први се огласија е поранешниот репрезентативец Рикардо Кварезма кој директно порача:
- Сите велеа дека овој тим е најдобар во историјата на Португалија, но во која смисла? Што освоија? Се враќаме дома со наведнати глави. Во средниот ред имаме одлични играчи, многу талент, но беа многу, многу слаби на ова Светско првенство. Истото се случи и со нападот, а одбраната беше дезориентирана. Најдобро е тука да застанам, бидејќи во спротивно, ќе кажам работи за кои подоцна ќе се каам, - истакна Кварезма и додаде:
- Не функционираше од почеток до крај. Сè тргна наопаку. Денес ѝ ја предадовме играта на Шпанија: тие правеа што сакаа. Ние само се шетавме наоколу, бевме бавни, не ни се правеше ништо“, додаде Рикардко кој беше доста критички настроен кон Роберто Мартинез кој веќе најави заминување од португалската репрезентација.







