Гарсија без влакна на јазикот: Не знаев дека на СП, 5 јули е всушност 1 април…

Дерби

06/07/2026

11:50

296

Големина на фонт

а а а

Соединетите Американски Држави ќе се соочат со Белгија во еден од двата натпревари од денешната програма на Светското првенство, но наместо да се говори за пресметката во фокусот е изненадувачката одлука на ФИФА која му го поништи црвениот картон на Фоларин Балогун.

На овој начин најдобриот напаѓач на Американците ќе има шанса за настап и веројатно ќе биде стартер, но во меѓувреме сосема очекувано има огромен број на реакциии од сите страни, а засега најоригиналниот коментар, критика меѓу редови даде селекторот на „црвените ѓаволи“, Рудиј Гарсија.

- Не знаев дека на Светското првенство, 5 јули е всушност први април – тоа е 1 април (денот на шегата). Ние не ја браниме репрезентацијата или федерацијата. Ние го браниме фудбалот, - истакна Гарсија.

- Доколку беше направено порано, можеби ќе можевме да бидеме ментално поподготвени. Добро е што имаме уште еден тренинг [сè уште во недела]… Но, ќе бидеме подготвени. Ќе бидеме на теренот. Тие имаат 11 играчи, не само Балогун. Тој е многу брз напаѓач. Различен профил од Пепи. Тие имаат многу квалитет во нападот- порача пак голманот Тибо Куртоа.