[ВИДЕО] Ибра со посебна честитка за Французите: Јас ќе добиев четири црвени картони и ќе испратев некој во болница

Дерби

05/07/2026

13:30

670

Големина на фонт

а а а

Франција излезе како победник во меч со многу валкани игри од Парагвај, а токму грубата игра на Јужноамериканците и нивниот провокативен став на теренот се едни од најкоментираните работи по пласманот на „триколорите“ во четвртфиналето.

Килијан Мбапе како капитен на националниот тим не остана рамнодушен и ги „поздрави“ ривалите по крајот на мечот, но интересно резиме направи и Златан Ибрахимовиќ.

Како стручен аналитичар за „Фокс Спортс“, Златан им честиташе на Французите кои останаа доволно смирени да не наседнуваат на провокациите, нешто во што тој сигурно не би успеал ако се најдеше на теренот.

– Денеска Французите останаа доволно смирени и мора да им се честита. Мораа да избегнуваат провокации и успеаја да не наседнуваат на валкани игри.

– Да го играв овој натпревар, јас ќе добиев четири црвени картони и најверојатно ќе испратев некого во болница. Не ми се допаѓаат, но провокациите се дел од играта. Франција не наседна на тоа, најдобро нешто е да одговорите со насмевка и да не се фаќате на мамката. Франција совршено го одработи тоа, – изјави Ибра.