Англија избори место меѓу најдобрите осум репрезентации на Светското првенство и тоа откако успеа да му пресуди на еден од домаќините на турнирот, селекцијата на Мексико.
Избраниците на Томас Тухел се изборија за славје на жешкиот терен на „Ацтека“, терен на кој Мексико тешко губи низ историјата, меч во кој главен збор играше фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингам кој постигна два погодоци.
- Никогаш не сум бил погорд на група момци, на екипа, нација. Тоа беше настап на една земја. Се чувствував како сè што видов оваа недела да е земјата зад нас. Сè за што зборувавме оваа недела е колку ќе биде тешко во неверојатна атмосфера против многу добар тим. Да се дојде до оваа победа победа, ова е најдобрата ноќ во мојата кариера во Англија досега, сигурно, - истакна Белингам кој говореше и да притисикот кој како група го чувствуваат.
- Свесен сум за притисокот што го носам заедно со сите други играчи. Секој играч има различна одговорност на теренот во однос на своите улоги, но знам што можам да му понудам на тимот, но имаме 26 момци таму кои можат да го направат токму она што го направив јас вечерва, убеден сум во тоа и се надевам дека победа како оваа може да им ја даде истата убеденост.
- Не треба да се плашиме од никого, не треба да чекаме 40 минути, 50 минути, 60 минути за да сфатиме дека сме многу добар тим. Затоа се надевам дека оваа победа ќе ја всади таа верба во тимот бидејќи тие заслужуваат да се чувствуваат така за себе, - порача Џуд.
За место во полуфиналето „гордиот албион“ ќе се бори со Норвешка.







