Бројот на жртви во Венецуела надмина 3.300

Макфакс

06/07/2026

08:40

226

Големина на фонт

а а а

Двата силни земјотреси во Венецуела предизвикаа повеќе од 3.300 жртви и огромна материјална штета. Владата со креирање нова воена единица и распоредување безбедносни сили се обидува да одговори на кризата, додека меѓународните тимови продолжуваат да помагаат спасувањето на преживеаните.

Бројот на жртви од двата разорни земјотреси што ја погодија Венецуела се искачи на 3.342, објави во неделата Министерството за информации на Венецуела, пренесува Ројтерс.

Според новите податоци, според медиумите, бројот на повредени е 16.470, додека бројот на луѓе што останале без покрив над главата се зголемил на 17.345.

Порано во текот на денот, на церемонијата по повод 215-годишнината од независноста на Венецуела, привремената претседателка Делси Родригез ги бранеше постапките на владата по земјотресот, во услови на растечко јавно незадоволство од она што многумина го сметаат за доцнење и недоволен одговор на катастрофата.

Родригез изјави дека веднаш по земјотресот распоредила безбедносни сили, како и дека е формирана нова воена единица за да помогне во реагирањето во вонредни ситуации и природни катастрофи.

На 24 јуни 2026 година, северниот и централниот дел на Венецуела беше погоден од разорен сеизмички дублет – два последователни земјотреси со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот бил во општината Вероес на длабочина од само 10 километри, а сателитските радарски снимки на НАСА покажуваат дека во најтешко погодените области (главниот град Каракас и крајбрежната држава Ла Гваира) речиси 59.000 згради биле оштетени или целосно уништени.

Додека меѓународните тимови продолжуваат да извлекуваат преживеани од урнатините во екстремни услови, ситуацијата на терен е дополнително влошена од стотиците последователни потреси, колапсот на мрежите за електрична енергија и вода, оштетувањето на главниот аеродром, како и тропските дождови што се закануваат да предизвикаат лизгање на земјиштето.