[ВИДЕО] Голем пожар во Кисела Вода

Макфакс

05/07/2026

17:20

249

Големина на фонт

а а а

Во скопската населба Кисела Вода избувна голем пожар во објект на Јужен булевар каде густ црн чад се гледаше од повеќе делови на градот. На терен интервенираат пожарникарски екипи, а засега нема информации за повредени лица.

Голем пожар избувна попладнево во објект на Јужен булевар во скопската населба Кисела Вода, а густ црн чад се гледа од повеќе делови на главниот град.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информира дека се запалил магацин или друг објект, при што од внатрешноста се слушале и пукотници.

„Се запали магацин или друг простор на Јужен булевар, Кисела Вода, Скопје. Од запалениот објект се слушаа пукотници, најверојатно од електрична енергија“, објави Ангелов.

На терен интервенираат екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, кои работат на локализирање и гаснење на пожарот.

Засега нема информации за евентуално повредени лица или за причините за избувнувањето на пожарот. Се очекуваат повеќе информации по интервенцијата на надлежните служби.