Објавена листа на најмоќни пасоши во светот: Шведска на врвот, Македонија на 78-то место

Макфакс

05/07/2026

08:30

704

Големина на фонт

а а а

Објавено е петтото издание на Глобалниот индекс на пасоши кој ги рангира земјите по слобода на патување, квалитет на живот и привлечност за инвестиции. Најмоќниот пасош во светот е на Шведска, додека Македонија се наоѓа на 78 место.

Објавено е петтото издание на Глобалниот индекс на пасоши, кој ги рангира земјите според слобода на патување, квалитет на живот и привлечност за инвестиции. Според најновите податоци на Global Citizen Solution, најмоќниот пасош во светот ѝ припаѓа на Шведска, која постигнала високи резултати во сите три категории – особено во квалитетот на живот и пристапот до странски пазари.

Европа доминира на врвот

Веднаш зад Шведска се наоѓаат Швајцарија, Финска, Германија и Холандија, додека целиот топ 10 речиси целосно е составен од европски земји. Топ 10 листата изгледа вака:

1. Шведска
2. Швајцарија
3. Финска
4. Германија
5. Холандија
6. Данска
7. Ирска
8. Обединето Кралство
9. Норвешка
10. Сингапур

Иако Сингапур е слабо рангиран по квалитет на живот, тој останува меѓу најсилните благодарение на високата слобода на патување и атрактивноста за инвестирање.


Пад на САД надвор од топ 10

Една од најзабележителните промени е падот на САД, кои некогаш беа на врвот, а сега се наоѓаат на 12. место. Според извештајот, американскиот пасош бележи најголем пад меѓу земјите од Г7 во последните пет години.

Од земјите на поранешна Југославија, најдобро рангирана е Словенија (37. место), следена од Хрватска (42. место).

Понатаму се: Србија – 66. место, Црна Гора – 71. место, Македонија – 78. место и Босна и Херцеговина – 83. место

Иако постојат разлики меѓу земјите, регионот генерално останува во средниот и понискиот дел од глобалната листа.