Утрово само еден активен пожар, 16 се целосно изгаснати

Макфакс

05/07/2026

09:20

239

Големина на фонт

а а а

Во државата изминатото деноноќие евидентирани се 17 пожари на отворен простор, од кои 16 се целосно изгаснати, а само еден останува активен во општина Македонски Брод, каде гори борова шума и ниска вегетација.

Во текот на изминатото деноноќие, заклучно со 07:30 часот утринава, на територијата на државата биле евидентирани вкупно 17 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според информациите на ЦУК, 16 од пожарите се целосно изгаснати, додека активен останува само еден.

Станува збор за пожар во Општина Македонски Брод, во атарот на селото Белица, каде што гори борова шума и ниска вегетација.

Надлежните служби ја следат состојбата на терен и продолжуваат со активностите за локализирање и целосно гаснење на пожарот.