Денешното време ќе биде сончево со умерена облачност и повремено засилен северен ветер, со температури кои ќе достигнат и до 33 степени, со можност за локален пороен дожд и нестабилност во текот на седмицата.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец со брзина од 50 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 21, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Според Управата за хидрометеоролошки работи во текот на новата седмица времето ќе биде сончево со променлива облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во вторник.







