Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески ја посети регионалните канцеларии на Агенцијата за вработување во Прилеп и Битола каде разговараше за текот на пријавувањето за јавните повици за самовработување со грантови. Интересот е голем, а апликациите во Пелагонискиот регион бројат стотици пријави.
Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески, директорката на Агенција за иновации, научно технолошки развој и претприемништво-ИНОВА Даниела Димовска, како и градоначалникот на Прилеп Дејан Проданоски и Претседателот на Советот на Битола, , денес ги посетија регионални канцеларии на Агенцијата за вработување во Прилеп и Битола.
Посета и дискусии
За време на посетата со раководителите на регионалните канцеларии и вработените во центрите дискутираа за текот на пријавувањето за јавните повици, како и за потенцијалите предизвици со кои се соочиле и ги надминале за време на поднесувањето на пријави.
Последен ден на аплицирање
– Денес е последниот ден на аплицирањето за јавните повици од мерката за Претприемништво – Самовработување со грант и интересот е голем во целата држава и центрите за вработување беа преполни со заинтересирани граѓани. Сакам да им се заблагодарам на вработените кои овие две недели со нивната професионалност и посветеност на работата беа на ниво на задачата, успешно се справија со сите предизвици и излегоа во пресрет на сите граѓани – кажа заменик-министерот Ристески.
Бројки и импакт
Тој потенцираше дека интересот е многу висок за трите јавни повици и дека пред почетокот на последниот ден од аплицирањето на државно ниво надмината е бројката од 5.000 лица.
– По историски големиот интерес минатата година, како и пристигнатите над 5.000 апликации досега, се потврдува исправноста на нашата одлука за зголемување на обемот на средствата од Оперативниот план за оваа мерка и проширување на опфатот за дополнителни 300 лица. Исклучително сум задоволем од бројот на апликации, кои само потврдуваат дека нашите граѓани сакаат да работат, сакаат да имаат сопствен бизнис и имаат одлични и иновативни идеи – додаде Ристески.
Индивидуални резултати по региони
Ристески го искажа своето задоволство и од големиот интерес за мерката во Пелагонискиот регион, каде во Прилеп до вчера пристигнале 311, а во Битола 180 апликации.











