Нови напади врз малолетници во Скопје: Момче нападнато во Карпош, девојче во Центар

Макфакс

03/07/2026

13:33

1.231

Големина на фонт

а а а

Два одделни случаи на физички напади врз малолетници се пријавени во Скопје, со инциденти во Карпош и Центар, а полицијата презема мерки за расчистување на случаите.

Два одделни случаи на физички напади врз малолетници се пријавени во СВР Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.

Во првиот случај, на 2 јули во 11:30 часот, 38-годишна жена пријавила дека на 21 јуни, околу 21 часот, на подрачјето на Карпош нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници. Според пријавеното, тој познавал двајца од напаѓачите.


Истиот ден, околу 23:35 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар малолетничка била физички нападната од две други малолетнички кои ги познавала.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на двата случаи.