Тројца скопјани беа пријавени за кривично дело „насилство врз дете“ откако физички нападнаа 14-годишно момче и му нанесоа повреди со нож. Полициската акција резултираше со задржување на осомничените и пронаоѓање на ножот кој ќе се користи како доказ.
СВР Скопје-Единицата за насилен криминал до ОЈО-Скопје поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(19), В.С.(23) и В.А.(19) сите од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено Кривично дело „насилство врз дете“ по член 201-а од Кривичниот законик.
Имено на 22.06.2026 околу 23:50 часот на улицата „Финска“ во паркот пријавените физички нападнале 14-годишен малолетник и употребиле тврд предмет, а со остар предмет му биле нанесени повреди.
Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот и пронајден беше ножот со кој било извршено кривичното дело и беше предаден на вештачење, а по преземени мерки пријавените биле лишени од слобода и со нив бил извршен службен разговор.
Фото: МВР







