Портпаролката на Белата куќа ја критикуваше генерацијата „З“: Родени се со сребрена лажица во устата

Макфакс

03/07/2026

16:10

218

Големина на фонт

а а а

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, ја критикува генерацијата З, тврдејќи дека младите се родени со сребрена лажица во устата и немаат вистински работни вредности, повикувајќи ги да пробаат да живеат во земји како Куба или Иран.

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, остро ја критикуваше генерацијата З, оценувајќи дека на младите „сè им било сервирано“ и дека треба „да ги испратат во Куба или Иран“.

Во гостување на „Фокс њуз“, 27-годишната Левит рече дека нејзината генерација и помладите од неа пораснале „како да се родени со сребрена лажица во устата“.

„Сè им беше сервирано, а тоа не се вредностите врз кои е изградена оваа земја“, рече таа, додавајќи дека Америка е изградена врз меритократија, напорна работа и остварување на американскиот сон.

Недостигот на работна етика кај младите Левит го припиша на „мрзеливоста“ и „либералната индоктринација“.

„Испратете ги во Куба. Испратете ги во Иран. Брзо ќе посакаат да се вратат“, порача портпаролката на Белата куќа.