Швајнштајгер бара Германците да задржат една легенда на важна позиција во националниот тим

Дерби

03/07/2026

11:13

527

Големина на фонт

а а а

Германската фудбалска јавност е разочарана од раната елиминација на репрезентацијата на СП 2026, а селекторот Јулијан Нагелсман очигледно нема иднина на селекторската позиција и прашање на часови е кога ќе биде потврдено дека заминува од функцијата.

Фановите посакуваат реактивирање на Јирген Клоп и негов прв селекторски предизвик, а оваа опција е фаворизирана и од поранешните репрезентативци кои не гледаат поидеална опција од ангажманот на поранешниот менаџер на Ливерпул.

Бастијан Швајнштајгер е еден од поранешните членови на националниот тим кој ја поддржува оваа опција, но истовремено бара во федерацијата да остане Руди Фелер. Германската легенда извршува функција на спортски директор и медиумите шпекулираа дека и тој ќе поднесе оставка, но Швајнштајгер смета дека тоа не е добро за германскиот фудбал.

– Ако Нагелсман се повлече, тогаш Клоп и Фелер ќе бидат дрим тим за репрезентацијата.

– Секако дека сите во федерацијата треба да размислат за својата одговорност, но за мене Фелер е многу важен. Тој има неверојатно искуство, тој има мундијалска титула, знае како функционира фудбалскиот бизнис и што е потребно за промени, – рекол Швајнштајгер.