Калин Ивановски оствари и трета сингл победа на фјучрсот во Скопје, а денеска беше подобар против Александер Вајс, кој играше во одлична форма од почетокот на турнирот.
Дуелот меѓу Ивановски и Вајс беше соочување на двајца тенисери со амбиции да стигнат до трофејот, а денеска во Скопје до победата стигна домашниот тенисер и тоа без загубен сет.
Неизвесниот меч донесе неколку брејкови, но и тај-брејк завршница во двата сета, а Ивановски два пати беше поуспешен од Италијанецот и ги доби со 7:5 и 7:3.
Откако претходно го елиминира првиот носител Чепелев, Калин денеска го откажа и шестиот носител Вајс, а сега ривал во полуфиналето ќе му биде седмиот носител, Јанаки Милев од Бугарија.
Во второто полуфинале ќе играат Орлов и Поповиќ.







