Баерн потврди трансфер на германски репрезентативец

Дерби

03/07/2026

15:44

218

Големина на фонт

а а а

Баерн Минхен пред неколку дена го потврди пристигнувањето на Исмаил Саибари, а денеска германскиот шампион се пофали и со потписот на Натаниел Браун.

Германскиот репрезентативец се врати разочаран од мундијалот, но неколку дена по болната елиминација, повлече многу важен потег во својата фудбалска кариера.

Левиот бек доаѓа од редовите на Ајнтрахт Франкфурт, а најавите на германските медиуми се дека Баварците платиле околу 55 милиони евра за овој играч.

Браун има само 23 години, се наметна кај Баерн со настапите во дресот на Ајнтрахт последната сезона, со кои си обезбеди солидна минутажа и во националниот тим.