Новинар од Венецуела беше одминат од голем број англиски ѕвезди, Белингам покажа класа и воодушеви со реакцијата

Дерби

02/07/2026

14:10

479

Големина на фонт

а а а

Светското првенство е најголемиот турнир во светот и на него има место за сите кои се заљубени во најважната споредна работа во светот, а новинарите стандардно се важен декор од секој важно натпреварување.

Седмата сила е задолжена за пренесување на најважните реакции по крајот на натпреварите, па во свет во кој фудбалските ѕвезди понекогаш знаат да бидат и арогантни, навистина убаво е да се види пример како Џуд Белингам.

Еден новинар од Венецуела во текот на мундијалот има доста потешкотии да стигне до фудбалските ѕвезди поради својата физичка попреченост, но иако голем број англиски ѕвезди го одминале во микс-зоната, Белингам покажал доблест и му посветил внимание.

Џуд посебно изреагира кога го слушна зборот Венецуела, а со оглед на траорниот период кој го минува оваа земја поради катастрофалниот земјотрес, Белингам испрати порака за поддршка.

– Испраќам поддршка и многу љубов за сите луѓе во Венецуела, – порача учтивиот Белингам, кој пријателски го поздрави и новинарот на кој му укажа голема чест.