Пукна уште една „НБА бомба“: Бостон го испрати својот најдобар играч во Филаделфија во замена за Џорџ

Дерби

02/07/2026

11:12

238

Големина на фонт

а а а

Џејлен Браун беше најдобар и најефикасен играч на Бостон во сезоната во која долго го немаше Џејсон Тејтум, па иако уживаше статус на суперѕвезда во Масачусетс, сега се сели во друга франшиза која очигледно има за цел да ја напаѓа титулата.

Угледниот „ЕСПН“ никогаш не греши кога излегува со свои инсајдерски информации, кои ова утро велат дека нова НБА бомба ќе се активира меѓу Бостон и Филаделфија.

Селтикси се откажуваат од вториот најплатен играч во тимот за да ослободат дел од својот буџет, а во размената која е договорена со „сиксерси“, ќе добијат докажано и искусно име.

Џејлен заминува во Филаделфија за да биде дел од тимот во кој со Ембид и Макси би ја нападнал НБА титулата, додека Бостон за возврат ќе го добие Пол Џорџ.

Покрај искусниот Џорџ, Бостон додбиваат и два пика од првата рунда, како и два пика од втората рунда од НБА драфтот при договорањето на оваа операција.

Браун зад себе ја остави најдобрата сезона во својата кариера, бидејќи на 71 натпревар имаше просек од 28,7 поени, 6,9 скокови и 5,1 асистенции по натпревар.