Гордон: Само еден играч во историјата имал подобра сезона од Кејн

Дерби

02/07/2026

10:35

188

Големина на фонт

а а а

Антони Гордон влезе во игра и направи клучна разлика на теренот, бидејќи две негови додавања завршија со два гола на англискиот капитен, Хари Кејн.

Напаѓачот на Баерн Минхен ја покажа својата класа и ја извади Англија од навистина тешка ситуација против ДР Конго, а откако сосема заслужено ги понесе сите епитетите по пресвртот од 2:1, со суперлативи за својот лидер излезе и новото големо засилување на Барселона.

– Секој во професионалниот фудбал може да постигне добар гол, секој може да го погоди горниот агол, но тоа да го правите цело време е нешто посебно. Кејн го прави тоа на секој меч, на секој тренинг и затоа е феномен.

– Неверојатно е да се биде покрај него секој ден, учите од секое негово движење. Само еден играч во историјата имал подобра сезона од оваа на Кејн, а тоа е Лео Меси, најдобриот играч на сите времиња.

– Тоа најдобро говори во каква форма игра Кејн оваа сезона, па затоа ние кои сме околу него, мора да ги впиваме неговите навики и да учиме од него. Тоа што го прави не е случајно, тој напорно работи и се што прави, го прави со голема страст. Неверојатно е да се биде покрај него секој ден, – изјави Гордон.

Со двата гола против ДР Конго, Кејн стигна од бројката од 72 погодоци на 62 одиграни средби оваа сезона, од кои 11 постигна за Англија, а дури 61 за Баерн Минхен.