Барбарез брутално му возврати на поранешниот член на Јунајтед за провокативната најава: Кој е тој?

Дерби

01/07/2026

13:29

546

Големина на фонт

а а а

Американската јавност со голема доза на потценување гледа на Босна и Херцеговина и дел од медиумите очекуваат висока победа на „змејовите“ во 1/16 финалната рунда, но пред да дојде ред да се игра мечот, своја шанса за давање изјави добија и претставниците на балканската земја.

Посебно провокативен во најавите беше Тим Хауард, а како поранешен прв голман на Манчестер Јунајтед, неговите зборови силно одекнаа во светската спортска јавност.

– Босна? Со Донован ќе разговараме за тоа уште доста, но искрено, подобро им е да не седнуваат во авион и да доаѓаат во Сан Франциско, бидеќи репрезентацијата на САД ќе направи се за да ги разбие. Сигурен сум дека САД ќе направи голем притисок за да победи, – порача Хауард, кој сега доби одговор од Сергеј Барбарез.

Селекторот на Босна целосно го олади некогашниот познат американски репрезнетативец, посочувајќи им на новинарите дека воопшто не знае за кого станува збор.

– Чии изјави, од кого се дадени тие изјави, – порача Барбарез, по што новинарите му го посочија името на Хауард.

– Кој е тој, не можам да кажам ништо за некој кој не го познавам! Не би навлегувал во такви работи, од моја гледна точка, Америка како репрезентација заслужува голема почит. Играат добро, носени се од добрата еуфорија како домаќини и убаво е да се види тоа. Ќе пристапиме со почит, но ќе се погрижиме да го задржиме она што не доведе до тука. Нашиот победнички менталитет, пристапот и желбата за надигрување, – изјави Барбарез.