Крос ги „поздрави“ доскорашните соиграчи: Ниту еден не е светска класа!

Дерби

01/07/2026

14:18

496

Големина на фонт

а а а

Тони Крос фудбалски се одјави во репрезентативниот дрес на Германија на Европското првенство кое се одигра пред две години, а ако тогашниот настап на „панцирите“ беше окарактеризиран како задоволителен, овој на Светското првенство во САД, Мексико и Канада добива тежина на големо фијаско.

На трет мундијал во низа, четирикратниот светски шампион се покажа во ужасно издание и добивме потврда дека германскиот тим веќе не важи за фудаблска велесила, факт кој ги загрижува фудбалските експерти и медиумите, но и славните играчи од минатото.

Тони Крос беше лидер на тимот пред две години, а како човек кој сега ја гледа ситуацијата отстрана, испорача жесток „поздрав“ за своите доскорашни соиграчи.

– Во овој момент немаме ниту еден играч за кој можеме да кажеме дека е светска класа. Имаме игрчаи кои имаат потенцијал да бидат светска класа, но тоа не значи дека се светска класа! Играчите од светска класа во овој момент ги решаваат натпреварите на Светските првенства, ги водат своите селекции како главни голгетери.

– Ние не поседуваме ниту еден играч од светска класа во овој момент и мора да бидеме искрени и да го признаеме тоа. Кога имавме успешни турнири во минатото, секогаш имав чувство дека можеме да промениме брзина во текот на мечот и да го решиме противникот. Овој тим не е способен за такво нешто. Овој тим мисли дека е подобар од Парагвај и дека победата ќе дојде сама по себе. Во сегашниот фудбал, тоа повеќе не се случува, – потенцира Крос.