Уапсен тетовец кој фрлал вреќи со отпад во реката Пена

Макфакс

01/07/2026

11:20

128

Големина на фонт

а а а

Полицијата во Тетово уапси лице кое фрлало вреќи со отпад во реката Пена, по пријава и објавено видео на социјалните мрежи. Сторителот е идентификуван, а против него ќе биде поднесена пријава за загрозување на животната средина.

Вчера во 18:00 часот на улица „Љубо Божиновски Пиш“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода 54-годишниот Б.С. од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загадување на животната средина и природата“ казниво по член 218 од КЗ.

По претходно објавено видео на социјалните мрежи, на кое се гледа како лице кое дошло со патничко возило „цитроен“ со тетовски регистарски ознаки, фрла вреќи со непознат отпаден материјал во реката Пена, во близина на улицата „Видоје Смилевски- Бато“, СВР Тетово презеде соодветни мерки и активности и го пронајде сторителот, кој во службен разговор го призна делото.

Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против Б.С. ќе биде поднесен соодветен поднесок.