Општинскиот кризен штаб ги расчитува штетите од невремето во Бутел

Макфакс

30/06/2026

19:12

413

Големина на фонт

а а а

Општинскиот кризен штаб во Бутел работи на расчитување на штетите од вчерашното силно невреме, додека екипите се активни на терен и координраат со релевантни служби за брза интервенција.

Општинскиот кризен штаб ги расчитува штетите од невремето во Бутел

Општинскиот кризен штаб ги расчитува штетите од невремето во Бутел, објави градоначалникот, Дарко Костовски.

„Екипите на Општина Бутел се на терен и се справуваат со последици од денешното невреме кое ја зафати нашата општина. Општинскиот кризен штаб е во постојана комуникација со претставници на МВР, ЕВН и Центарот за управување со кризи“, објави Костовски.

Достапен е телефонски број 078 517 344 на кој граѓаните на Општина Бутел можат да пријават последици од невремето или потреба од службите да интервенираат.

Градоначалникот упати апел до граѓаните на Општина Бутел да останат смирени и вели дека екипите навремено ќе интервенираат.