Фановите на македонската музичка легенда Владо Јаневски вечерва ќе се соберат пред арената Борис Трајковски за да му оддадат последна почит, проследена со песни, тишина и љубов.
Фановите на македонската музичка легенда, пејачот и текстописец Владо Јаневски, кој почина на 66-годишна возраст во Скопје, ќе се простат од него во 20 часот, пред Арената „Борис Трајковски”.

Во чест на Владо Јаневски
Вечерва, во 20:00 часот, на платото пред арена Борис Трајковски ќе се собереме за последен пат да му оддадеме почит на Владо Јаневски.
Нека неговите песни одекнат уште еднаш, нека светлината од свеќите биде нашето „благодарам“, а нашето присуство доказ дека големите уметници никогаш не се забораваат.

Ги повикуваме сите што го сакаа, почитуваа и растеа со неговата музика да ни се придружат.
Да го испратиме достоинствено. Со песна. Со тишина. Со љубов.
Затоа што легендите никогаш не умираат. Тие засекогаш остануваат во срцата на својот народ.





