Јулијан Нагелсман е оној кој сигурно трпи најголеми критики по новото мундијалско фијаско за Германија, но иако звучни и реномирани медиуми бараат експресна смена, младиот стручњак кој има важечки договор до 2028-ма година не планира да се откаже така лесно.
Третото големо разочарување на трето Светско првенство во низа прави работите во Германија да изгледаат исклучително лошо и хаотично, па иа покрај тоа што актуелниот германски тим не ветува многу, Нагелсман се уште верува дека е вистински човек за националниот тим.
Елиминацијата од Парагвај во пенал рулетот сигурно ќе биде анализирана од водечките луѓе на Федерацијата, а пред да дојде до конечна одлука, Нагелсман имаше порака за своите надредени.
– Јас не сум човек кој бега од нешто. Јас стојам на располагање ако германската Федерација се уште ме сака. Ако не ме сакаат, ќе треба да ми кажат. Јас лично сакам да продолжам, но во фудбалот не може самите да имате целосна контрола. Ако ме сакаат, јас ќе бидам среќен да го подготвувам Европското првенство и предизвиците кои слседат во Лигата на нации. Ако не ме сакаат, ќе биде потребно тоа да ми го кажат, – изјави Нагелсман, кој доби поддршка од директорот за фудбал во Федерацијата, Руди Фелер.
– Јулијан е топ тренер и гоолем борец. Тој ќе знае да ја регрупира екипата после тежок пораз и ќе биде подготвен да се врати посилен. Знам дека многу луѓе нема да се согласат со тоа после болен пораз, но јас се уште сум убеден дека тој е вистинскиот човек кој треба да не води. Но, јас не сум сам во германската Федерација, не можам да носам сам одлуки на таа тема, – изјави Фелер.






