Видео кое го решава проблемот на многумина туристи на плажа, предизвика „бура“ на социјалните мрежи: Дали сте чуле за „балканскиот метод“?

Точка

29/06/2026

18:22

827

Големина на фонт

а а а

Летувањето на море често носи и една непријатна дилема: што да се направи со мобилниот телефон, паричникот, клучевите и другите вредни работи кога сите истовремено сакаат да влезат во морето? Токму поради тој проблем, на социјалните мрежи во последните денови се прошири снимка која предизвика бројни реакции и расправи.

На видеото, кое стана вирално на ТикТок, една девојка го покажа необичното решение на нејзиното момче. Бидејќи не сакал да ги остави вредните работи без надзор на плажата, тој ги спакувал во пластична кеса и ги понел со себе во морето, пренесува „Metropolitan.si“.

Кесата пловела покрај него

Како што пишува британскиот портал „The Sun“, младиот човек ја ставил кесата со личните работи на мал душек на надувување додека тој и девојката се капеле. Така, цело време ги имале работите на повидок, без да мора да молат непознати луѓе да ги чуваат.

Снимката брзо стана хит и собра повеќе од милион лајкови. Иако на многумина оваа идеја им изгледала забавно, бројни корисници признаа дека станува збор за многу реален проблем.


Секој што барем еднаш бил сам на плажа или во друштво во кое сите истовремено сакале да влезат во морето знае колку е непријатно да се остават мобилниот телефон, паричникот и клучевите од автомобил без надзор. Токму затоа под видеото брзо се разви расправа за различни начини на заштита на личните работи при капење.

„Балканска метода“ ги воодушеви коментаторите

Меѓу коментарите посебно внимание привлече советот што корисниците го нарекоа „балканска метода“. Според таа метода, вредните работи се ставаат во кеса, во песокот се копа мала дупка, во неа се закопува кесата, а потоа сè се покрива со пешкир. На тој начин работите наводно стануваат помалку забележливи за потенцијалните крадци.

Некои пишуваа дека мобилниот телефон, паричникот и клучевите често ги кријат под облеката или меѓу свиткани пешкири, бидејќи им изгледа попрактично отколку да бараат непознати луѓе да им ги чуваат работите.