Швеѓаните со нетрпение ја очекуваат битката со Франција: Сонувате за вакви натпревари…

Дерби

29/06/2026

07:20

348

Големина на фонт

а а а

Шведска успеа да ја мине групната фаза на Светското првенство, а веќе во првата нокаут рунда ги очекува најтешкиот предизвик, битка со првиот фаворит за пехарот Франција.

„Триколорите“ без некој проблеми рутински ги добија сите три мечеви во групата за разлика од Шведска која славеше со 5-1 над Тунис, па загуби со истиот резултат од Холандија за да на крајот ремизира со Јапонија (1-1).

Скандинавците ќе ја имаат улогата на апсолутни аутсајдери и со оглед на тоа што притисокот ќе биде целосно кај „триколорите“, тие најавуваат дека ќе се обидат да го дадат најдоброто и ако им се даде можност да направат сензација.

-Ќе биде фантастичен натпревар, натпревар за кој сонувате да го доживеете како дете. Играњето во Њу Џерси против Франција во нокаут натпревар од Светското првенство – не може да биде поголемо од тоа. Тие се еден од најдобрите тимови во светот и очигледно имаме огромна почит кон нив, но навистина се радуваме на натпреварот.

-Тие имаат играчи од светска класа во секоја линија, го освоија Светското првенство и претходно и имаат тренер кој знае како да победува на натпревари, па затоа е огромен предизвик. Но, токму тоа го очекувате во нокаут натпревар од Светското првенство, -порача селекторот Грем Потер.