[ФОТО] Трагедија кај Нанси: Се урна авион на школа за падобранство

Макфакс

28/06/2026

15:50

526

Големина на фонт

а а а

Во близина на градот Нанси во Франција се урна мал цивилен авион кој превезувал падобранци, при што загинаа единаесет лица. На местото на несреќата се спроведува истрага за причините за падот.

Единаесет лица загинаа при пад на мал цивилен авион во близина на градот Нанси, во североисточна Франција, соопштија локалните власти.


Според првичните информации, несреќата се случи во местото Томблен, а станува збор за лесен авион што превезувал група падобранци.

Весникот „Ест репибликен“ објави дека леталото било во сопственост на школа за падобранство. Меѓу загинатите се пилотот, петмина инструктори и пет лица кои биле на обука.

Француското Министерство за внатрешни работи соопшти дека министерот е на пат кон местото на несреќата, каде што е во тек истрага за причините за падот на авионот.