Пожар во Ново Село, опожарени ниви и помошен објект

Макфакс

28/06/2026

16:20

181

Големина на фонт

а а а

Вчера во 15:23 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Ново Село, скопско, настанал пожар при што биле опожарени ниви со земјоделски култури, како и помошна просторија во која имало домашни животни.

На местото интервенирала Бригадата за противпожарна заштита – Скопје, која го изгаснала пожарот.

Во настанот нема повредени лица.

Извршен е увид и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.