Денес регистрирани осум пожари на отворено

Макфакс

28/06/2026

14:30

188

Големина на фонт

а а а

Денес се регистрирани осум пожари на отворено во Македонија, од кои три се активни, а останатите се под контрола или изгаснати. Пожарите избувнаа на неколку локации ширум земјата со најчесто опожарена ниска вегетација и депонии.

До 14:00 часот се регистрирани вкупно осум пожари на отворен простор. Од нив, три се активни, еден е под контрола, а четири се изгаснати, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи.

Од активните пожари, првиот е на територија на село Гари, општина Дебар, каде горат ниска вегетација и нискостеблеста мешана шума. Депонија и ниска вегетација се опожарени во населбата „Перо Чучо“ во општина Куманово. Гори и депонија на територија на Пехчево.

Пожарот ставен под контрола е на депонија во село Дворци, општина Пласница.

Ниска вегетација горела на територија на општините Валандово, Врапчиште, Гази Баба и Старо Нагоричане. Четирите пожари на овие подрачја биле изгаснати.