Легендарниот француски репрезентативец, Патрик Виера издвои една селекција која според него ја има улогата на фаворит од сенка за пехарот на Светското првенство.
Допрва следуваат најважните борби, фаза во која се нема право на грешка и секој кикс може да значи крај на мундијаскиот сон. Патрик знае што значи да се биде на врвот на светот затоа што тоа со Франција го направи на крајот на минатиот век, а кога е во прашање овој турнир тој смета дека изненадување може да биде Мароко.
-Мислам дека големите нации на крајот ќе стигнат до четврт и полуфиналето. Мислам дека Мароко може да биде тимот што може да предизвика изненадување и мислам дека имаат доволно индивидуален квалитет за да бидат меѓу топ осум. Но, надвор од Мароко, мислам дека ќе им биде тешко на сите други (помали) нации да поминат понатаму и да стигнат до топ четири, -порача Виера.
Мароко на последното СП беше четврти и прашање е дали може да го има статусот на изненадување, селекција која во првата нокаут рунда ќе ги одмери силите со Холандија.







