Аргентина ја затвори групната фаза на СП со очекувана победа над Јордан, додека Колумбија и Португалија одиграа дерби без голови, кое ги испрати Кристијано Роналдо и соиграчите на нокаут натпревар со Хрватска.
Ло Селсо и Мартинез со по еден гол во првиот дел ја најавија победата на актуелниот светски шампион, а резервистот Меси во финишот ги постави конечните 3:1, со што дополнително го подобри рекордот за најмногу постигнати голови на светските првенства.
За натпреварот Португалија-Колумбија имаше неверојатен интерес и цените на билетите одамна беа астрономски, но фановите во Мајами не видоа ниту еден гол, додека ваквиот епилог најави пресметка на Португалија и Хрватска во шеснаесетфиналето.
Алжир и Австрија ремизираа со резултат 3:3, на натпревар на кој Австријците израмнија во 96. минута, а ремито значеше дека и двете селекции одат во следната фаза, а Иран е елиминиран од турнирот.
ДР Конго ја заврши групната фаза со победа од 3:1 против аутсајдерот Узбекистан.
Шомуродов рано донесе предност за Узбекистанците, тие имаа предност на полувреме, но во вториот дел Виса со два и Мајеле со еден гол ги постигнаа конечните 3:1.







