„Крај на една ера, кралицата на сексапилот е мртва“: Познатата холивудска актерка објави нови фотографии и на многумина им ја урна фантазијата

Точка

27/06/2026

09:41

2.531

Големина на фонт

а а а

Памела Андерсон уште еднаш покажа колку се променила во последните неколку години.

Актерката, која во деведесеттите години беше симбол на сексапилот благодарение на улогата во серијата „Чувари на плажата“, денес негува сосема поинаков стил – едноставен, природен и елегантен.


На снимката објавена на Инстаграм-профилот на брендот „Sonsie“, чија коосновачка е таа, Памела се појавила во стајлинг инспириран од фолклорната естетика.

Носела портокалов плетен џемпер со релјефна плетка, кој го искомбинирала со миди здолниште со висок струк во ретро стил. Комбинацијата ја надополнила со марама врзана во машна околу вратот, додека пуштената коса и отсуството на шминка дополнително го нагласиле природниот изглед по кој во последните години стана позната.

Целосен пресврт во однос на деведесеттите

Овој изглед претставува целосна спротивност на модните комбинации што ја одбележаа нејзината младост.

Мини-здолништа, тесни маици, длабоки деколтеа и впечатлива шминка со години беа нејзин заштитен знак, особено во периодот кога важеше за еден од најголемите холивудски секс-симболи.


Денес, меѓутоа, избира едноставни кроеви, квалитетни природни материјали, елегантни костуми, ленени панталони и софистицирани фустани што ја истакнуваат сосема поинаквата страна на нејзината личност.

„Крај на една ера, кралицата на сексапилот е мртва“ – гласи еден од коментарите на, најверојатно, разочаран обожавател.

Памела и претходно отворено зборувала за причините поради кои го променила стилот.

Во интервју за „Harper’s Bazaar“ признала дека со години имала чувство дека се облекува за да ги исполни туѓите очекувања.


„Почнав да чувствувам дека се облекувам поради други луѓе – било да се тоа моите сопрузи или едноставно светот и начинот на кој ме доживува“, рекла актерката.

Како што истакнала, сакала да отфрли сè што со години ѝ претставувало товар и да му го покаже на светот своето автентично лице.

Документарецот што ѝ го променил животот

Голема пресвртница донесе 2023 година, кога бил објавен нејзиниот документарен филм на Нетфликс. Памела рекла дека тој проект ѝ помогнал да го преиспита сопствениот идентитет и да се ослободи од сликата што другите со години ја создавале за неа.


„Сакав да ги симнам сите слоеви и да ја отстранам целата врева околу себе. Облеката и шминката се начин на изразување, но овојпат сакав да бидам ранлива. За мене тоа беше најхрабриот моден потег“, објаснила таа.

Додала дека во еден момент сфатила дека повеќе не сака да ги следи туѓите стандарди за убавина и дека е време да престане да се обидува да ги исполни очекувањата на другите.


Публиката ја прифати новата Памела

Промената на имиџот наиде на одлични реакции во јавноста.

Памела открила дека денес многумина ѝ приоѓаат и ѝ велат дека дури сега ја доживуваат на сосема поинаков начин.


„Луѓето денес ми приоѓаат и ми велат: Порано не те сакав особено, но сега навистина те обожавам“, раскажала актерката.

Нејзиниот природен изглед, отсуството на шминка и едноставната елеганција станаа симбол на самодоверба и прифаќање на себеси, поради што многумина сметаат дека Андерсон денес зрачи повеќе од кога било.