[ВИДЕО] Зад милионските прегледи се крие лична борба - Пајак со солзи во очите раскажува: „Не можев да речам 'мама', но таа е виновна што денес правиме муабет“

Точка

24/06/2026

09:04

1.171

Големина на фонт

а а а

Христијан Настески – Пајак веќе неколку години важи за еден од омилените млади музичари на домашната сцена, а со својот препознатлив стил успеа да ја освои и помладата и повозрасната публика.

Неодамна го објави и својот прв албум „2000 и некоја“, со што дополнително ја зацврсти својата позиција меѓу најслушаните артисти во Македонија.

Сепак, зад сцената и успехот што денес го живее, се крие лична приказна која малкумина ја знаат. Имено, младиот пејач уште од детството се соочува со пелтечење – нешто што речиси никој не би го забележал кога пее.


Иако ретко зборува јавно за овој дел од својот живот, Пајак направи исклучок во разговорот со Стефан Лазаров во неговиот подкаст, каде искрено проговори за предизвиците со кои растел и тешкотиите што ги носела оваа состојба, откривајќи една поинаква и многу лична страна од себе со солзи во очите.

✨ „Да не била мајка ми, мислам дека сега немаше да правиме муабет. Не можев да речам мама“, вели Пајак.

❓„Кога приметуваш пречки во говорот?“, прашува Стефан.


✨ „Па од 4 години. Тие години ми се во магла малце. Дали се случило од уплав, од страв, не знам.

Со момиче се среќаваш првпат, не можеш да зборуваш, не знам како да ти го опишам. Сакаш да кажеш нешто, а зборот не излегува од тебе, како да те држи тука нешто.

Како да сакам сега, на пример, да ти кажам ‘Лазаров’ и не излегува брат од мене, сфаќаш?

А има многу работи што сакам да ги кажам, што сум сакал да ги кажам уште од мал, а не сум можел.

За сè ова денес е ‘виновна’ мајка ми, толку многу се трудела жената. Ми вика: ‘Ме фати инает, мораше да зборуваш’.

Јас памтам колку сме вежбале навечер, значи, неспани вечери сум имал и тоа многу, да не била мајка ми, брат, не знам...“