Барселона во еден период ја поврзуваат со повеќе играчи и многумина очекуваа трансфер бум на шпанскиот првак, но потоа се стигна и засега официјално е затворена само една зделка, ангажманот на Ентони Гордон од Њукасл.
Има доста време кога е во прашање трансфер пазарот и останува да се види што Барса реално може да направи и дали ќе го испрати големиот ривал Реал Мадрид кога се во прашање активностите.
Едно е јасно е дека каталонците бараат наследник на Роберт Левандовски, а Хулијан Алварез и понатаму останува најголема желба, цел и покрај сите остри реакции од Атлетико Мадрид. Се очекува да има разрешница на овој случај, а во меѓувреме Педри беше запрашан за коментар за тоа дали Аргентинецот е играч кој би можел да им помогне како група.
- Хулијан како играч, многу ми се допаѓа и отсекогаш сум велел дека ги сакам најдобрите играчи во Барселона.
- Не сакам да се мешам во работите на клубот или на играчот. Ако договорот помине и се случи, тогаш добредојде, - порача кратко Шпанецот.







