Јапонците ја изведоа најдобрата тимска акција на СП, Холандија со нова победа го потврди првото место во групата

Дерби

26/06/2026

11:02

213

Големина на фонт

а а а

Селекцијата на Холандија оствари рутинска победа над Тунис од 3-1 и го обезбеди првото место во групата Ф на Светското првенство.

Тунис е една од најлошите репрезентации на овој турнир и беше само прашање со кој резултат ќе го загубат овој меч. Холанѓаните водеа со 2-0 по само 7 минути игра со погодоците на Схири (автогол) и Броби, африканците во второто полувреме намалија преку Мастури, додека конечниот резултат го постави дефанзивецот Ван Хеке.

Ова воедно значи дека „лалињата“ ги очекува тежок предизвик во 1/16 финалето, соочување со Мароко.

Јапонија пак освои бод против Шведска (1-1), ама и ова беше доволно за сигурен пласман во нокаут фазата. Јапонците во 56 минута ја изведоа можеби и најдобрата тимска акција на мундијалот, перфектни додавање и рутинска завршница на Маеда.

Еланга во 62 пак реализираше за скандинавците и со тоа им донесе вредно реми.

Бразил ќе биде ривал на „самураите“ во првата нокаут фаза на 23. Светско првенство.