Нагелсман се налути во интервјуто по поразот, германските ѕвезди го демантираа својот тренер со искрените изјави

Дерби

26/06/2026

10:47

229

Големина на фонт

а а а

Јулијан Нагелсман се обиде да објасни дека Германија дала се од себе и дека мали детали го одлучиле победникот, но доста се налути кога презентерот на „Магента“ телевизијата заклучи дека Еквадор победил поради тоа што повеќе го посакувал триумфот.

Германскиот селектор се налути на ваквите заклучоци и го оцени ставот на презентерот како „глупав“, но за разлика од него, низа германски ѕвезди се согласија со генералното размислување на цела германска јавност.

– Еквадор повеќе ја сакаше победата? Престанете со глупостите ви се молам. Зарем моите играчи не дадоа се од себе на теренот? Дефинитивно ќе внесев други играчи ако ни беше потребен гол, но не може да се каже дека играчите не дадоа се што имаат, – изјави Нагелсман со висок тон, но за разлика од неговиот став, Кимих, Ундав и Мусиала размислуваа сосема поинаку.

– Атмосферата на стадионот беше фантастична, имаше голем број Еквадорски фановите. Разликата беше во тоа што тие повеќе ја сакаат победата, победата им беше попотребна и тоа се почувствува во секој дуел во секоја акција, особено во второто полувреме. Затоа на крајот победија и тоа е сосема заслужено, – изјави Кимих.

– Имав чувство дека тие ја сакаа победата повеќе од нас. Еквадорците беа поагресивни, поодлучни. Мора да научиме од ова и да не дозволиме да ни се повтори до крајот на турнирот, – изјави Денис Ундав.

– Играчите од Еквадор беа погладни од нас за триумф и тоа се почувствува на теренот. Интензитетот и агресивниот пристап се почувствува во нивната играч. Мора да научиме од оовј пораз и да не дозволиме ваков пад до крајот на турнирот, – изјави Мусиала.