Де ла Фуенте за најпотценетиот шпански играч: Конечно почна да добива признание, не ми се верува…

Дерби

26/06/2026

10:46

229

Големина на фонт

а а а

Микел Ојаразабал посебно доби на значење во шпанскиот состав под водство на Луис де Ла Фуенте и дефинитивно ја пронајде најдобрата верзија од себе со актуелниот селектор, па иако одигра извонреден турнир на Европското првенство, пофалби во родната земја почна да добива на стартот на мундијалот.

Поради тешка повреда на коленото, Ојаразабал не можеше да настапи на мундијалот пред четири години, но сега игра со голема желба на актуелното Светско првенство и Де ла Фуенте почна да се радува што почна да добива прашања за еден од неговите омилени фудбалери.

– Сите 26 играчи во тимот играат со голема мотивација и затоа треба да бидеме многу среќни. Сите со нетрпение ја чекаат својата шанса и се желни за игра.

– Мора да го задржиме идентитетот и да не излеземе од колосек. За мене лично, вистинска среќа е што Ојарзабал почна да добива признание во Шпанија.

– Конечно почнавме да му оддаваме признание за тоа што го прави. Навистина не ми се верува…… Долго требаше за да сфатиме, тој е еден од најдобрите напаѓачи во простор, играше на сите позиции во нападот откако сум тука и секогаш бил добар. Тој е пример за сите во тимот и многу се радувам што дојде време да зборуваме за него, – изјави Де ла Фуенте.