Педри за „вечниот“ Меси: Тоа што го прави на оваа возраст…

Дерби

26/06/2026

07:56

508

Големина на фонт

а а а

Лионел Меси веќе некое време настапува во МЛС лигата во Интер Мајами и луѓето како да го подзаборавија во изминативе години откако со Аргентина го освои Светското првенство во Катар.

Меѓутоа иако напаѓачот е блиску до 40-ката тој на мундијалот што се одржува во САД, Канада и Мексико едноставно покажува дека ја живее втората младост, односно дека се уште ја има магијата, квалитетот, визијата, лидерството на теренот.

Тој даде пет гола на првите два натпревари и со тоа испиша историја, стана најдобар стрелец на сите времиња на оваа сцена. Во изминатиов период доста луѓе од фудбалот уште еднаш му се поклонија на мајсторот од Розарио, а меѓу нив е и Педри кој со него имаше можност да соработува во Барселона.

-Имав среќа да играм и да тренирам со него, уживав и научив многу од него. Сега, па, многу уживам во него. Мислам дека многу пати го гледате натпреварот на телевизија и ако само почнете да го гледате, тој гледа каде е слободниот простор или каде ќе може сам да прими топка, поради квалитетот што го има, го има повеќе од сите други.

-Го гледа фудбалот малку пред другите и знае каде да биде за да постигне гол. Мислам дека она што го прави на оваа возраст, само тој може да го направи, -порача Педри.