Белорусија ја предупреди Украина

Макфакс

25/06/2026

18:30

280

Големина на фонт

а а а

Белорускиот претседател Александар Лукашенко ја предупреди Украина да не ја вовлече Белорусија во конфликти, додавајќи дека природата на војната ќе се промени доколку тоа се случи. Кремљ ги демантираше тврдењата за притисок врз Белорусија да се ангажира поактивно во конфликтот.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека ја предупредил Украина да не се обидува да ја вовлече Белорусија во војната.

Тој рече дека претставници на украинскиот претседател Володимир Зеленски неодамна биле во Минск, каде им порачал дека доколку Украина се обиде да ја вовлече Белорусија во конфликтот, „природата на војната веднаш ќе се промени“.

Лукашенко додаде дека Белорусија нема желба да војува против Украинците и изрази надеж дека двете страни ќе постигнат договор. Од Киев засега нема официјален коментар.

Во меѓувреме, Кремљ ги демантираше тврдењата на „Волстрит журнал“ дека врши притисок врз Белорусија да се вклучи поактивно во војната против Украина.