Рафаел Леао вчера постигна гол со кој ја запечати победата на Португалија против Узбекистан, а бидејќи со тој погодок си симна голем товар од себе, крилниот напаѓач не заборави на своите најблиски и сите оние кои му биле поддршка во тешките моменти оваа сезона.
Леао остави зад себе катастрофална сезона на индивидуален и тимски план, па иако веќе најави дека се гледа надвор од Милан, сега доаѓа до ситуација кога може да го промени мислењето.
Ниту еден позначаен клуб не покажа интересе за Леао со оглед на високите барања кои ги има тој како играч и Милан како клуб, а бидејќи клубот во меѓувреме го назначи Рубен Аморим за нов тренер, сега постои можност Рафа да чека нова шанса со нов тренер.
Сонародникот Аморим негува тип на фудбал кој би му одговарал на Леао, нешто што го тера и самиот Рафа да размислува пред да донесе конечна одлука за заминување, нешто што изгледаше извесно пред само неколку денови.
– Во овој момент, морам да останам фокусиран на националниот тим и на Светското првенство. Тоа што го знам е дека Аморим е многу добар тренер. Му одеше многу добро во Португалија, а работите не течеа исто во Манчестер Јунајтед. И покрај тоа, тој останува одличен тренер и ќе донесам одлука за мојата иднина по крајот на Светското првенство, – изјави Леао.







