Време е за нов предизвик: Јакимовски го напушта Тренто

Дерби

22/06/2026

15:17

221

Големина на фонт

а а а

Македонскиот репрезентативец, Андреј Јакимовски нема повеќе да биде дел од италијанскиот прволигаш Тренто.

Јакимовски имаше забележителни настапи во овој клуб со кој го привлече вниманието и ќе ја искористи клаузулата во договорот според која може предвреме да си замине.

- Тренто објавува дека Андреј Јакимовски ја искористи клаузулата за излезе од договорот потпишан минатата година, а која важеше за сезоната 2026/27. Клубот му се заблагодарува на Андреј за неговата посветеност, професионализам и придонес во текот на сезоната помината во црно и бело и му посакува се најдобро. Благодариме, Јаки, - истакнаа од Тренто.

Се огласи и популарниот Јаки кој се заблагодари на клубот за се што направи за него во минатава сезона.

- Тренто, не можев да замислам подобро место за почеток на оваа кариера. Од првиот ден ме натеравте да се чувствувам како дома.

Ми дадовте емоции и спомени што ќе ги носам со себе засекогаш. За возврат, се обидував да дадам сè од себе секој ден, на и надвор од теренот.

Беше чест да ја претставувам овој клуб и да го споделам патувањето со соиграчите, персоналот и навивачите.Тренто секогаш ќе биде важен дел од мојата историја. Ви благодарам за сè, - посочи Андреј.

Останува да се види каде ќе заврши нашиот ас за кого има интерес од повеќе клубови.