Тотенхем тргна моќно во овој летен преоден рок каде веќе обезбеди три квалитетни засилувања во имињата на дефанзивците Робертсон, Сенеси и Ван Хеке, а во меѓувреме се најавуваат и други играчи како освежување на составот кој го предводи Де Ѕерби.
Меѓутоа дефинитивно ќе има и засилувања, некои од нив можеби и неочекувани како што е случајот со најголемиот шведски талент Лукас Бергвал.
Бергвал во 2024 година беше на добар пат да потпише за Барселона, но потоа дојде до пресврт и го избра Тотехем од кого сега побарал да си замине по само две години. Тој е незадоволен од улогата која ја има во екипата и посакува нов предизвик во кариерата.
Под водство на Де Ѕерби одигра само 112 минута, поточно беше стартер на само еден натпревар. Шведскиот репрезентативец има договор до 2031 година и некои медиуми информираа дека премиерлигашот за неговите услуги бара 45 милиони фунти.






